Ванда едвај го дочека поразот на Интер во дербито: Нејзината објава предизвика бес кај навивачите на Интер
Д М18 окт 2020

Милан синоќа го совлада Интер со 2:1.
Херој беше Златан Ибрахимовиќ, кој му пресуди на поранешниот клуб со два гола и им донесе четврта победа на Росоњерите на почетокот на шампионатот.
Поразот на Интер едвај го дочека Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди, кој сега игра за ПСЖ, и кој ги напушти Нероазуре на неубав начин начин и замина во Париз. Мауро најпрво беше позајмен, а потоа беше продаден на Французите.
Ванда имаше судири со челниците на Интер, па сега ги „избоде“ сите на „Меаца“ објавувајќи порака на Инстаграм со честитки за „пријателите од Милано“.
„Нема дерби без љубов. Честитки за моите пријатели од Милано“, напиша Ванда по натпреварот со фотографија со Икарди.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



