Ванда: Мауро нема да се пресели во Јувентус

Мауро Икарди и Ванда Нара се дефинитивно најпознатата двојка во светот на фудбалот.
Ванда долго време се грижи за кариерата на нејзиниот сопруг. Иако наводно заедно ја решаваат неговата кариера, се чини дека токму Ванда го има последниот збор.
Така, таа веќе однапред потврди дека следното лето Мауро нема да го менува тимот. Иако сè уште ја има понудата на Јувентус на масата, но од заминувањето во Торино, нема да биде ништо.
„Мауро нема да се пресели во Јувентус следната сезона. Тој го избра ПСЖ минатото лето за да не го изневери Интер. Кој го избрка? Не знам, но тој отиде во поголем клуб. Тој е среќен во Париз“, рече Ванда.
Мауро навистина се снајде во дресот на ПСЖ. Тој игра навистина добро оваа сезона, а неговите бројки го покажуваат тоа.
На 16 одиграни натпревари оваа сезона, аргентинскиот напаѓач има постигнато 13 гола и забележа две асистенции.



