Поврзи се со нас

Фудбал

ВАР следната сезона и во Србија

Видео технологијата доаѓа и во нашето соседство.

Системот за видео технологија, кој е широко користен во европскиот и светскиот фудбал, ќе пристигне во Србија следната сезона, потврдено е за локалниот портал Телеграф.

Во среда започнува обуката на фудбалски судии за употреба на ВАР технологијата во Суперлигата, така што следната сезона треба да имаме порегуларни натпревари во српскиот шампионат.

Имаше многу поплаки за судење на натпреварите од Суперлигата оваа и претходните сезони, но со воведувањето на ВАР, сигурно е дека ситуацијата ќе се подобри, иако веќе сме јасно убедени дека ВАР знае да создава проблеми.

Имплементацијата на новиот систем се очекува од почетокот на следната сезона, а дотогаш судиите ќе бидат во голема мерка запознаени со неговата употреба.

Спорт клуб известува дека наскоро се очекува царинење и инсталирање на системот, но и информација дека централната просторија за ВАР и сите други простории за ВАР ќе бидат лоцирани во Спортскиот центар ФСС во Стара Пазова.

loading...

Facebook