Варан сака да го напушти Реал пред истекот на договорот

Францускиот репрезентативец Рафаел Варан по крајот на сезоната сака да ги напушти редовите на Реал Мадрид.
Според шпанските медиуми, Варан, чиј договор со Реал истекува летото 2022 година, сака да го напушти Реал во претстојниот преоден рок.
Тие сакаат да остане во Реал, но наводно нема да прават проблеми доколку на нивната адреса пристигне официјална понуда за францускиот фудбалер.
Не е познато за колку пари е подготвен Реал да го пушти, но наводно желбата на Варан е да замине во Англија и тој е подготвен да игра во Премиер лигата за помалку пари отколку што има во Мадрид.
Да потсетиме, Варен беше донесен во Реал Мадрид од Жозе Мурињо во 2011 година. Тие му замерија на Португалецот што реши да го донесе тогаш младиот фудбалер од Ленс, но овој трансфер се покажа како еден од најдобрите во последните десет години.



