Connect with us

Ракомет

Вардар директно во „елитата“, Еурофарм Пелистер на чекање

Ракометниот клуб Вардар и следната година ќе игра директно во Лигата на шампионите. Ова го потврди ЕХФ. Освен двократниот европски првак, загарантирано место имаат Загреб, Барселона, ПСЖ, Кил, Фленсбург, Веспрем, Киелце и Порто.

Еурофарм Пелистер, како вицепрвак, се надева исто така на Лигата на шампионите, но тој е на „чекање“, односно за ова ќе одлучува вајлд-картата. Во оваа конкуренција се уште Адемар Леон, Висла Плок, Нант на Кире Лазаров, Пик Сегед, Гог и Спортинг.

На вајлд-карта во женска конкуренција се надева и ЖРК Куманово.