Ракомет
Вардар го прегази Еурофарм Пелистер и стигна до шампионската титула!
Ракометарите на Вардар во дуелот од 7.коло од плеј офот од Супер лигата го совладаа актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 34:19 (18:12). Со новите два бода „црвено-црните“ стигнаа до 56 бодови или осум повеќе од вториот Охрид што воедно значи недостижна предност на три кола до крајот на првенството и нова шампионска титула за Вардар.
Натпреварот беше далеку од дерби бидејќи „црвено-црните“ имаа целосна доминација и контрола над резултатот, на полувреме беше 18:12. Во вториот дел со нова серија ракометарите на Вардар стигнаа и до двоцифрена предност.
Најефикасен на дуелот беше Урош Митровиќ од Вардар со 7 голови, додека Јака Малус постигна 6, а голманот Гогов имаше 4 одбрани (3 седмерци).
За Вардар ова е 16.та титула првак и ја прекина серијата од три шампионски титули на Еурофарм Пелистер, а воедно сезонава е освоена и двојна круна по триумфот во Купот.