Вардар има уште еден нов фудбалер!
E R23 дек 2024

Искусниот 31 годишен дефанзивец Мите Цикарски ги засили редови на Вардар пред стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Цикарски, кој потекнува од фудбалската академија на Вардар се врати во црвено – црните редови од екипата на Македонија Ѓ.П. Искусниот лев бек кариерата настапуваше и за Работнички, Брера, Етникос, ПАС Јанина, Газ Метан и Ботев Пловдив.
Цикарски со Вардар освои две шампионски титули, во сезоните 2011/12 и 2012/13, како и куп титула со Работнички во 2015.
Цикарски е четвртото засилување на Вардар по завршувањето на есенскиот дел од сезоната по Георгије Јанкулов, Михаил Маневски и Михал Пинтер.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



