Вардар ја совлада Шкендија во Тетово во дербито на колото, на крајот имаше и гужви (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Вардар извојува попладнево победа на гостински терен над тетовска Шкендија со 1-0 (0-0) во завршниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Стрелец на единствениот гол беше Бабунски од пенал во 49 минута, откако Алхасан играше со рака во шеснаесетникот на Шкендија.
Вреди да се напомене дека Шкендија постигна гол преку Ибраими за 1:1, но овој гол беше поништен поради офсајд, по реакцијата од ВАР собата.
Со трите бодови од гостувањето во Тетово, фудбалерите на Вардар го презедоа водството на табелата со 24 бодови, еден повеќе од Струга на второто место.
На крајот на мечот имаше и гужви и туркања, кога Талески се пожали на повреда, доби удар од Ибраими, настана гужва која беше брзо расчистена.
Резултати 10 коло:
Шкендија – Вардар 0-1
Работнички – Македонија ЃП 0-0
Струга – АП Брера 2-4
Башкими – Шкупи 4-1
Тиквеш – Арсими 3-4
Табела: Вардар 24, Струга 23, 21, Шкендија 21, Силекс 21, Башкими 18, АП Брера 15, Македонија ЃП 13, Арсими 11, Тиквеш 8, Пелистер 7, работнички 6, Шкупи 1.



