Вардар не се снаоѓа баш најдобро ни во ВМФЛ, загуби на гостувањето кај Велешта
Д М18 сеп 2021

Македонскиот нај трофеен фудбалски клуб Вардар кој игра во втора лига, денеска по пресврт загуви на гостувањето кај Велешта со 2:1.
Вардар во 37. минута преку Иван Николов успеа да стигне до водство, но Велешта во второто полувреме се разбуди и направи пресврт.
Мирлинд Даути во 54. минута успеа да израмни за 1:1, а Нијаз Лена од пенал во 62. минута ги постави конечните 2:1.
Останати резултати од ВМФЛ:
Втора Лига – Запад:
Силекс – Воска Спорт 2-0
Велешта – Вардар 2-1
Беса – Кораби 0-2
Кадино – Гостивар 0-0
Охрид – Тетекс 0-1
Втора лига – Исток:
Слога Виница – Победа 2-1
Кожув – Беласица 1-2
Каменица Саса – Детонит јуниор 1-0
Братство – Кит-Го Пехчево 0-4
Осогово – Локомотива 2-2
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



