SportM
Фудбал

Вардар нема проблем Седлоски да биде селектор на Македонија!

Редакција17 дек 2025
Вардар нема проблем Седлоски да биде селектор на Македонија!

Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски навести дека Гоце Седлоски наскоро може да биде нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.

– Гоце Седлоски е и ќе остане тренер на Вардар следниот период. Тој има договор со Вардар и ќе го води во евро-куповите. Но, Вардар нема проблем Седлоски да биде и селектор на репрезентацијата, но тоа е работа на ФФМ дали ќе го назначи. Има такви примери кои се и тренери и селектори, изјави директорот на Вардар.

Со доаѓањето на Неделковски и неговите соработници на чело на клубот, најтрофејниот македонски фудбалски клуб почна финансиски да се стабилизира, сметката на „црвен-црните“ е деблокирана и клубот е на вистинскиот пат да го врати некогашното реноме.

Вардар по првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига е лидер на табелата со 42 бода од 16 натпревари.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.