Вардар реагира: Голот на Шкендија е нерегуларен

Во рамките од 10. коло на ПМФЛ, шампион на Македонија го совлада лидерот на табелата, Вардар.
Првиот гол го постигна Изаир Емини во 4. минута од судиското надополнување од првото полувреме, додека вториот гол го постигна Бесарт Ибраими на самиот крај во 90. минута.
Меѓутоa од Вардар реагираат за првиот гол на Шкендија, укажувајки на тоа дека голот е нерегуларен.
„Сомнителниот гол на Шкендија во дуелот со Вардар. Погледнете како едниот судија (дополнителниот асистент зад гол линијата) не гледа во голот, а другиот, пак, прв помошник го нема на местото каде што треба да биде. Го нема ниту главниот судија на местото на настанот. Кој ја донесе одлуката дека голот е регуларен?“ Беше напишано на официјалната Фејзбук страница на ФК Вардар.
https://www.facebook.com/FKVardarSkopje/photos/a.176466802448342/1914355771992761/?type=3&theater
Сепак Шкендија издвои победа на овој натпревар и ја намали разликата со Вардар на 4 бода, кој е лидер на табелата.



