Вардар ремизираше против Шкупи, Шкендија доминантна на домашен терен

Денеска се одигра 15. коло од ПМФЛ.
Вардар против Шкупи одигра 1-1, Вардарци одлично го започнаа натпреварот покажаа добра игра и први стигнаа до водство. Жуниор успеа да ја израдува домашната екипа, по голот во 14. минута.
Шкупи откако прими гол започна да прави притисок а до израмнување стигна со голот на Гудиаби во 71. минута.
Шкендија беше доминантна на домашен терен и успеа да слави победа од 6-1 против Ренова.
Имери го постигна првиот гол на натпреварот и му овозможи водство од 1-0 на домашната екипа уште во 5. минута, што беше и последен во првите 45. минути игра. Второто полувреме домаќините продолжија со одлично темпо и постигнаја уште 5 гола: Алими 50. минута, Ибраими 54. и 64. минута, Фазли 82. минута и Тотре во 91. минута. Голот за гостите го постигна Селмани во 85. минута.
На натпреварот Борец – Силекс немаше голови (0-0).
Струга Трим на гостувањето кај Академија Пандев во последна минута избегна пораз. Пандевци се намачија да стигнат до првиот гол, Рајковиќ успеа да го доведе тимот до водство во 68. минута, а Цветановски беше прецизен во 93. минута и го изедначи резултатот на натпреварот (1-1).



