SportM
Ракомет

Вардар сака победа на стартот од Лига Европа

Редакција13 окт 2025
Вардар сака победа на стартот од Лига Европа

Ракометарите на Вардар утре го имаат првиот дуел од Лига Европа, а во Скопје гостува Сесвете од Хрватска. Ова е нов предизвик за „црвено-црните“ кои имаат одличен старт во домашната лига и седум победи во исто толку натпревари.

– Вардар секогаш има победнички аспирации, без разлика каде игра. Наша желба е да стигнеме што е можно подалеку во ова натпреварување. Групата е тешка, иако имињата на ривалите не се атрактивни. Но, тоа не значи дека секој натпревар е важен, секој бод ќе биде важен. Сесвете е претставник од Хрватска, не е на нивото на Загреб или Нексе, но тоа е млада екипа од Загреб, која сака да се докажува. Македонската лига во моментов е посилна и поизедначена , за разлика од Хрватската, каде Загреб е број 1, Нексе број 2, а потоа следи Сесвете. Ние ќе се фокусираме на нашата игра и со поддршката од навивачите ќе се обидеме да „запишеме“ победа, изјави тренерот на Вардар Иван Чупиќ на денешната прес конференција.

Натпреварот Вардар – Сесвете почнува се игра утре (вторник) со почеток во 18:45 часот. Во другиот дуел од групата играат: Тулуз и Кристијанстад.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.