SportM
Фудбал

Варди го сруши Арсенал на „Емирати“!

Д М25 окт 2020
Варди го сруши Арсенал на „Емирати“!

Лестер победи на гостувањето против Арсенал во 6-то коло од Премиер лигата.

Во многу тежок натпревар, гостите се снајдоа подобро на крајот од мечот, и на крајот победија.

Топџиите беа многу подобра екипа во првото полувреме. Успеаа да постигнат гол, но тој беше поништен поради недозволена позиција.

Во второто полувреме немаше многу шанси. Белерин го имаше најдоброто за Арсенал, но не го претвори во гол.

Единствениот погодок на натпреварот беше виден во 80. минута од средбата, а стрелец за гостите беше Варди. Тој го искористи невниманието на Мустафи и го совлада голманот на Арсенал.

Арсенал се обиде да спаси бод до крајот на играта, но не им успеа, па играчите на Лестер си одат дома со сите три бода.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.