Васер: Ривалството во тимот меѓу Хамилтон и Леклер ќе ги поттикне да ги освојат трофеите

Според спортскиот директор на Ферари, Фредерик Васер, изедначената битка меѓу двајцата негови возачи, Луис Хамилтон и Шарл Леклер, може да биде поттик за тимот, се додека Ферари останува во трка за првото место во двете првенства, тоа за возачи и тоа за конструктори.
Досега, двајцата возачи создадоа многу поизедначена внатрешна битка во Ферари отколку што некој можеше да замисли пред почетокот на сезоната. Благодарение на промената на правилата, Хамилтон се покажа поконкурентен, додека Леклер имаше некои тешкотии, но конкуренцијата изгледа изедначена.
31 бод ги дели во пласманот и со враќањето на првенството по одморите, Французинот подвлече како внатрешната конкуренција може да биде клучен поттик за подобрување на перформансите. “Дел од перформансите секогаш произлегуваат од споредбата на возачите,” објасни Васер.
“Тоа се случува тука, но и кај Мекларен и Мерцедес, помалку кај Ред Бул поради други причини. Ривалството треба да остане секогаш во границите на взаемната почит и интересите на тимот. Тие треба да го почитуваат тимот, како што ние нив ги почитуваме. Тие треба правилно да се однесуваат“, изјави Васер.
“Ги гледам како соработуваат и како го туркаат еден со друг за да постигнат подобри перформанси. Тие исто така напредуваат бидејќи вложуваат 110% во секој круг. Дури и во слободните тренинзи, најважно за нив е да бидат пред тимскиот колега”, заврши Васер.



