SportM
Фудбал

Веќе ги освоија симпатиите, најмалата земја на СП, со само 156.000 жители, има хит школски автобус (ВИДЕО)

Редакција9 јун 2026
Веќе ги освоија симпатиите, најмалата земја на СП, со само 156.000 жители, има хит школски автобус (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Курасао, позната и како „Синиот бран“, испиша историја со своето прво квалификување на Светско првенство.

Со население од приближно 156.000 жители, Курасао официјално е најмалата држава по број на жители што некогаш се пласирала на Светско првенство.

Курасао е автономна територија во рамките на Кралството Холандија, а неговите жители поседуваат холандско државјанство и холандски пасоши.

Во Курасао живеат и работат и граѓани на Кенија, главно во туристичкиот и угостителскиот сектор, како и на крузери што оперираат во регионот.

Главен град на Курасао е Вилемстад.

Додека многу репрезентации пристигнуваат со приватни летови и луксузни автобуси, оваа селекција привлече големо внимание со нивниот автобус. Наликува на стар школски автобус, кој сме го гледале во американските филмови, кој оваа селекција го користи за превоз до нивната тренинг база. Првиот меч Курасао на СП го игра против Германија.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.