Поврзи се со нас

Фудбал

Веќе нема дилеми за тоа каде ќе игра Халанд во иднина

Ерлинг Халанд одлучи да остане во Борусија Дортмунд и да се обиде да ја запре доминацијата на Баерн.

Норвешкиот голгетер постигна 27 гола на 29 натпревари за Борусија и секако тој е поврзан со великани како Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер … Но, неговиот татко сега ја отфрли можноста 20-годишникот наскоро да ја напушти Германија.

“Кога играте добро, тогаш е логично дека многу клубови се заинтересирани за вас. Медиумите се полни со вести за неговото заминување, но се неосновани шпекулации. Ерлинг потпиша договор со Борусија до летото 2024 година, тој е среќен што игра во одличен тим и никој не размислува да оди во друг клуб, ниту тој ниту јас. Неговата желба е да го симне од тронот Баерн “, изјави таткото на играчот Алф-Инге Халанд за германските медиуми.

Халанд постигна шест гола оваа сезона, пет помалку од најдобриот стрелец Роберт Левандовски.

Да потсетиме, Халанд во јануари годинава се пресели од Салцбург во Борусија за 20 милиони евра.

loading...

Facebook