Велемајсторски: Кансело засрами двајца играчи за неколку секунди (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Португалија лесно го совлада Азербејџан со 3:0 како гостин.
Иако Португалците на овој натпревар настапија без првата sвезда Кристијано Роналдо, немаа поголеми проблеми на овој натпревар и лесно постигнаа нови три бода.
Барнардо Силва и Андре Силва ги „стартуваа“ ривалите во првото полувреме, а победата ја заврши Диого Јота во 75. минута со асистенција на фудбалерот на Манчестер Сити, Жоао Кансел.
Кансело одигра уште еден многу добар натпревар, и неговиот потег што ќе го направи ќе биде на ТВ уште долго време.
Тој успеа да засрами двајца фудбалери на противничкиот тим за неколку секунди. Тој им ја турна топката низ двете нозе и ги засрами.
Cancelo 🤤
https://t.co/9ehazDZwIH— Benfica da depressão 🔴 (@DepreBenfica) September 7, 2021
Велемајсторскиот потег на Кансело, што уште еднаш покажа дека е меѓу најдобрите дефанзивци на светот.
Португалија во моментов е водечка селекција во квалификациите за групата А која оди на Мундијалот.
Оваа селекција има 13 бода од пет одиграни натпревари, а зад нив е селекцијата на Србија со 11 поени.



