Валверде прати јасна порака за Малком, но и за Дембеле

Барселона, синоќа на гости, со доста мака ги победи Рајо Валекано со 3:2 на натпреварот во 11.коло на шпанската Ла Лига.
Каталонците на самиот крај на натпреварот губеја со 2:1, но само за три минути го променија резултатот и успеаа да освојат три бода. Гостувањето на Рајо Валекано беше потешко од она што очекуваа Барселона, но сигурно дека за нив е најбитно тоа што на крајот освоија три бода и победија.
Ернесто Валверде се најде на удар на навивачите на Барса затоа што Малком не беше во составот кој конкурира за натпреварот. Исто така, на многумина не им се допаѓа тоа што Дембеле го почнува натпреварот на клупа, а пред него предност има Рафињо. Туку што Дембеле ја затресе мрежата на Валекано за 2:2 и така го најави пресвртот. Но, Валверде одлучи да ги објасни нештата околу Малком и Дембеле.
„Сигурно е дека времето на Малком ќе дојде и тој ќе добие шанса да игра. Пред секој натпревар подготвувам список на играчи кои ќе ми бидат потребни за натпреварот, а кој не. Некогаш ќе го изоставам Малком, некогаш Дембеле.” изјави Валверде.



