SportM
Фудбал

Верати за непостоечки остров плати два милиони евра

Д М17 фев 2022
Верати за непостоечки остров плати два милиони евра

Италијанскиот репрезентативец и играч за врска на ПСЖ, Марко Верати имаше „невидена“ инвестиција.

Имено, тој стана првиот фудбалер кој купи островот, кој реално не постои, туку е само виртуелен во „Метаверс“, онлајн универзум каде што корисниците можат да комуницираат преку аватари.

Според „sporttechie“, островот во „Метаверс“ чинел околу 2,5 милиони евра, а Италијанецот платил два милиони откако бил ставен на продажба.

Италијанецот за „Газета дело Спорт“ зборуваше за новата аквизиција и објасни дека сака да биде првиот фудбалер со овој чекор бидејќи е убеден дека технологијата многу ќе напредува и дека ќе може да игра фудбал и во „Метаверс“.

„Тоа се случува. Навистина верувам во нови технологии и затоа сакав да им бидам пример на многу други. Никогаш не мислев дека тоа е лудо. Веднаш помислив дека тоа е интересна идеја и можам да се забавувам“, рекол Верати.

Како реагираа твоите соиграчи?

„Тие не беа изненадени, напротив, многу од нив сега сакаат да учествуваат. Веќе сме имале слични искуства со Нејмар и Паредес“, додаде играчот од средниот ред на Париз.

„Метаверзумот“ е мрежа од 3D виртуелни светови фокусирани на социјалната поврзаност.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.