SportM
Фудбал

Вернер го предводи нападот на најлошо оценетиот тим во Премиер лигата

Д М2 фев 2022
Вернер го предводи нападот на најлошо оценетиот тим во Премиер лигата

Специјализираниот портал WhoScored.com го објави најлошиот тим во Премиер лигата во досегашниот тек од сезоната, формиран врз основа на просечна оценка.

Во овој непопуларен тим имаше најлошо оценети фудбалери на сите позиции. Услов беше досега да одиграат најмалку пет натпревари во Премиер лигата.

На прв поглед најпознатото име во овој тим е Тимо Вернер. Напаѓачот на Челзи има сезона за заборав и покрај тоа што клубот од Стемфорд Бриџ е меѓу трите најдобри екипи во лигата. Просечниот рејтинг на овој фудбалер е скромни 6,31.

Германскиот репрезентативец досега одигра 11 натпревари, шест како стартер и постигна само еден премиерлигашки гол. И тоа во победата од 3:1 над Саутемптон на почетокот на октомври.

Најлошиот тим во Премиер лигата изгледа вака:

Тим Крул (Норвич) – Мадс Рорсли (Брентфорд), Киран Кларк (Њукасл), Вилијам Трус-Еконг (Ватфорд), Роман Перо (Саутемптон) – Чандон Баптиз (Брентфорд), Адам Форшо (Лидс) – Џош Сарџент (Норвич), Тајлер Робертс (Лидс), Рајан Фрејзер (Њукасл) – Тимо Вернер (Челзи).

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.