Connect with us

Фудбал

Верувале или не, Дивок Ориги е именуван по легендарниот кошаркар од нашето соседство

Херојот на Ливерпул, Дивок Ориги, човекот за големи игри, одговори на „огромен број“ на прашања од навивачите кон крајот на минатиот месец.

Сè беше организирано од „Bleacher Report“, а Белгиецот со кениски корења одговори на навистина голем број на прашања кои ги добиваше преку социјалните мрежи.

Од нив, најинтересно за нас е прашањето за името на Ориги – Дивок.

Досега инспирацијата на родителите на напаѓачот на Ливерпул за името Дивок „отиде под радарот“, но го привлече вниманието на медиумите во соседството, во написот на „Bleacher Report“ каде се одговорите на Ориги мора да се убедиме дека тој навистина го добил името според Владе Дивац, легендарниот кошаркар од Србија, а денес генерален директор на Сакраменто Кингс.

loading...

Владе Дивац како играч обележа една ера на Сакраменто Кингс, а родителите на Дивок беа обожаватели на кошаркарската НБА ѕвезда – баш како што е и самиот, како што откри со одговарање на прашања на навивачите.

Така, напаѓачот на Ливерпул го носи името според Дивац со тоа што неговите родители го „прилагодија“ презимето на легендарниот кошаркар.

Еден корисник на социјалните медиуми го прашал Ориги дали има негов благослов да го крсти своето прво дете Дивок?

„Да, секако. Нема проблем. Веќе видов неколку луѓе како го прават тоа. Името потекнува од името на Владе Дивац. Моите родители го гледаа како игра и сакаа да го персонализираат неговото име до одреден степен и така да ме крстат“, рече Ориги и откри интересна информација.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com