SportM
Фудбал

Верувале или не: Има фудбалер кој е прескап и за ПСЖ!

Д М12 јун 2020
Верувале или не: Има фудбалер кој е прескап и за ПСЖ!

Францускиот шампион ПСЖ не штедеше во претходните години кога станува збор за купување фудбалери.

На Барселона плати дури 222 милиони евра за Нејмар, на Монако 180 милиони за трансферот на Килијан Мбапе, но очигледно ПСЖ исто така реши да ги стисни сопирачките.

Иако во претходниот период, парижаните покажаа голем интерес да го ангажираат дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, тоа нема да се случи на крајот.

Причината поради која Сенегалецот нема да оди на „Паркот на принцовите“ е навистина интересна. Бројката од 120 милиони евра што Наполи ја бара за услугите на овој фудбалер е премногу дури и за ПСЖ, па на крај тие решија да се откажат од потенцијалниот трансфер.

Кулибали најверојатно ќе оди на друго место. Тој се поврзува со Манчестер Јунајтед, Њукасл, Евертон и Барселона, а ќе видиме дали некој е подготвен да ги плати тие пари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.