SportM
Фудбал

Вест на денот во светскиот фудбал – Џуд Белингам избра!

Д М3 мај 2023
Вест на денот во светскиот фудбал – Џуд Белингам избра!

Англискиот играч за врска Џуд Белингем се согласил да се пресели во Реал Мадрид, пренесува шпанска „Марка“.

Иако истите медиуми постојано истакнуваа дека Реал нема шанси во пресметката со Ливерпул и Манчестер Сити за потписот на Џуд Белингем, ситуацијата е целосно обратна, особено откако Јирген Клоп одлучи дека Англичанецот е прескап.

Реал работеше во сенка и успеа да го убеди Белингем да игра на Сантијаго Бернабеу. Начелниот договор вели дека договорот ќе биде потпишан до 2029 година, а Мадрид треба да плати меѓу 100 и 120 милиони евра

Претставниците на клубот наскоро планираат патување во Дортмунд, каде што се ќе биде запечатено и од следното лето Белингем ќе игра за Реал Мадрид, кој на тој начин комплетираше уште еден светски скапоцен камен во средниот ред по Орилиен Чуамени и Едуард Камавинга.

Договорот би можел да биде официјализиран по завршувањето на сезоната бидејќи Борусија е целосно фокусирана на Бундеслигата и преземањето на круната од Баерн Минхен.

Белингем сака постојано да биде во борба за трофеи и да биде во средина која е историски препознаена и организациона поставена. Реал Мадрид несомнено е.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.