Ветување на Пјаниќ до Јувентус кога ќе ја заврши кариерата

Миралем Пјаниќ го носеше дресот на Јувентус во периодот од 2016 до 2020 година, кога реши да потпише за Барселона.
За време на неговиот престој во Торино, Пјаниќ пружеше многу добри игри, и тој беше омилен меѓу многубројните обожаватели на популарната Торинска стара дама.
Пјаниќ вчера даде опширно интервју за „Тутоспорт“, а една реченица особено ги воодушеви сите што навиваат за Јувентус.
„Јас ви гарантирам дека кога ќе ја завршам кариерата, ќе дојдам во Торино и ќе го бодрам Јувентус заедно со мојот син“, рече Пјаниќ.
Миралем во среда ќе отпатува за Торино, но како член на Барселона, кој ќе биде домаќин на Јувентус во второто коло од Лигата на шампионите.
Инаку, авантурата на Пјаниќ во Каталонија досега не започна многу добро. Најчесто добиваше шанса од клупата, а на „Ел Класико“ против Реал не доби шанса за игра.



