SportM
Фудбал

Вида има нов клуб? Бешикташ мора да го пушти

Д М16 апр 2020
Вида има нов клуб? Бешикташ мора да го пушти

Дефанзивецот на хрватската репрезентација Домагој Вида е на излезната врата од Бешикташ.

Иако е неопходен во првиот состав на Бешикташ, клубот од Истанбул, поради својата финансиска состојба, е подготвен да го продаде и веќе се заинтересирани неколку клубови.

Откако се пишеше за интересот на Вест Бромвич Албион, предводен од Славен Билиќ, еден од најчитаните турски весници „Хабер“ тврди дека следната дестинација во кариерата на Вида може да биде – Марсеј.

Французите, наводно, го контактирале агентот на Вида, Угур Авадан и го информирале дека подготвуваат понуда од шест милиони евра што Бешикташ, во ситуацијата што се наоѓа, е принуден да ја прифати.

Доколку има трансфер, партнер на Вида во задниот ред би бил неговиот сонародник Дуже Калета-Кар кој дојде во „Велодром“ од Ред Бул Салцбург.

Вида се поврзуваше со Марсеј и минатото лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.