SportM
Фудбал

Видал не размислува за иднината

Д М22 дек 2019
Видал не размислува за иднината

Артуро Видал честопати се споменува во последните неколку недели како играч кој сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“.

Сепак, искусниот Чилеанец воопшто не размислува за евентуален трансфер и заминување од Барселона.

„Не размислувам да заминам. Сега, пред сè, сакам да одморам. Мојот агент се грижи за продажбата и јас сум целосно смирен за тоа”, рече Видал.

„Јас сум среќен во Барселона, и ќе видиме по паузата. Тоа е тренерот кој одлучува дали треба да играм или не, но навивачите го гледаат мојот квалитет и тоа ме смирува“.

Видал пристигна во Барселона минатото лето за 18 милиони евра. Голема желба е на Интер, и според сите сметки, ќе остане во Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.