Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Агуеро за првпат играше за Барселона и веднаш постигна гол

Серхио Агуеро конечно играше во дресот на Барселона.

Искусниот аргентински напаѓач ја пропушти почетната фаза од сезоната поради повреда, но сега е подготвен за официјалното деби во дресот на каталонскиот гигант.

Агуеро денеска го облече дресот на Барса за прв пат на пријателскиот натпревар против Корнела и веднаш постигна гол.

Натпреварот заврши со резултат 2:2. Филипе Кутињо и Агуеро погодија за Барса, која мина 30 минути на теренот.

И Роналд Куман го одигра овој натпревар во формација 3-5-2 и се чини дека Холанѓанецот ќе остане верен на оваа формација до крајот на сезоната.

Серхио Агуеро може да биде големо засилување до крајот на сезоната, а првите минути на „Камп Ноу“ може да ги има в недела против Валенсија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама