SportM
Фудбал

ВИДЕО: Ансу Фати сакаше да изведе пенал и да постигне хет-трик против Виљареал, а потоа се појави Меси

Д М29 сеп 2020
ВИДЕО: Ансу Фати сакаше да изведе пенал и да постигне хет-трик против Виљареал, а потоа се појави Меси

Фудбалерите на Барселона го совладаа Виљареал со 4:0 во натпреварот од третото коло во Ла Лига викендов.

За Каталонците тоа беше прв натпревар во новата сезона бидејќи добија повеќе пауза, па затоа пропуштија две воведни кола, а тие натпревари ќе ги играат подоцна.

Барселона победи без проблем против „Жолтата подморница“, а натпреварот го одбележа 17-годишниот Ансу Фати кој постигна два гола.

Фати погоди за 1:0 во 15-та минута по асистенцијата на Алба, а само четири минути подоцна постигна одличен погодок за 2:0.

Во 35-та минута Фати сакаше да постигне хет-трик кога доби пенал, и ја зеде топката во свои раце, но Лионел Меси очигледно му рече дека тој ќе го изведе пеналот, а на крајот Аргентинецот погоди за 3:0

На лицето на Фати може да се види дека не беше задоволен кога Меси му ја одзеде топката, но подоцна Аргентинецот малку го смири и даде неколку совети.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.