Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Барселона објави проштално видео, вонредна прес -конференција во 11 часот

Лионел Меси дебитираше за првиот тим на Барселона во 2004 година, но се чини дека повеќе нема да го носи дресот на славниот клуб.

Барселона синоќа излезе со официјално соопштение и рече дека не е можно да се потпише нов договор со Аргентинецот поради финансиски и структурни пречки, поради што Меси мора да бара нов клуб како слободен играч.

Барселона со видео се прости од Меси. Тој постигна 672 голови на 778 натпревари за оваа екипа, и забележа 35 асистенции и има 34 трофеи.

Некои од специјалните моменти на Меси во дресот на Барселона се наоѓаат во видеото објавено.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, свика итна прес -конференција во 11 часот на Камп Ноу и потоа детално ќе објасни зошто Меси заминува.

Се уште не е познато каде Меси ќе ја продолжи кариерата, но многумина, вклучувајќи ги и обложувалниците, му даваат најголеми шанси на ПСЖ, а се споменуваат Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Интер, МЛС клубовите, па дури и матичниот клуб Њуелс Олд Бојс.