Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Бугарска фудбалска легенда-Видете каде е Македонија, а каде сме ние

Јордан Лечков, бугарска фудбалска легенда кој беше дел од славната генерација на Бугарија која во 1994 година дури стигна до полуфинале на СП, по поразот од Финска порача дека фудбалот во оваа земја пропаѓа и дека не се работи како што треба. Како позитивен пример ја посочи Македонија.

-Видете ја Македонија, видете ги Македонците каде се сега, вели Лечков кој порачува дека во Бугарија има се помал интерес за фудбалот. Мора, како што вели, да се свртат кон домашното првенство и домашниот фудбал и да се крене квалитетот. Инаку, во новата сезона од Лигата на нации Бугарија од пет меча има 4 порази и едно реми. Синоќа на домашен терен загуби од Финска со 2:1.

Видеото на следниот ЛИНК.

loading...

Facebook