SportM
Фудбал

ВИДЕО: Диего Коста уште еднаш покажа дека е најлудиот фудбалер!

Д М10 јун 2019
ВИДЕО: Диего Коста уште еднаш покажа дека е најлудиот фудбалер!

Диего Коста се наоѓа во Бразил, каде што во моментов ужива во одморот.

Играчот на Атлетико Мадрид ги пропушти последните седум натпревари во Ла Лига откако доби црвен картон на натпреварот против Барселона за неспортско однесување.

Тој пред неколку недели одигра пријателски натпревар против Беитар Ерусалим, но мораше да ја напушти играта во 27 минута.

Иако некои извештаи велат дека Коста може да го напушти Атлетико ова лето, воопшто не мисли на тоа и моментално ужива во слободното време.

Видеото што потекнува од Бразил покажува како Коста вози автомобил за рели и со голема брзина поминува низ калливи патишта во Бразил.

Неодамна, бразилецот скокна од 10 метри во реката, за негова среќа – скокот помина без трагични последици.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.