ВИДЕО: Додека сите ја гледаа расправијата на Мурињо со навивачите, од другата страна Марсијал направи одличен потег

Манчестер Јунајтед вчера на гости ремзираше против Челзи (2:2) во дербито на 9. коло на Премиер лигата.
Црвените ѓаволи во второто полувреме преку Антони Марсијал дојдоа до пресврт и водеа со 2:1, но Челзи во последните секунди дојде до израмнување со голот на резервистот Баркли. Натпреварот на крајот го обележа Жозе Мурињо, кој се судри со еден член на стручниот штаб на Челзи, за што доби жестоки свирежи од трибините.
Додека многумина гледаа што се случува со Мурињо и навивачите на Челзи на другата страна на теренот, Марсијал направи сјаен потег. Отиде до трибините каде беа навивачите на Манчестер Јунајтед за да му го даде дресот на еден од навивачите на овој клуб.
Францускиот напаѓач кој во претходните месеци ја грееше клупата на Јунајтед доби големи овации, но и покажа дека Мурињо може сериозно да смета на него во продолжение на сезоната.
Best video of the day 🔴 @AnthonyMartial #MUFC
🎥: @mufcaways_ pic.twitter.com/22X1bdf44J
— Manchester United (@ManUtd) October 20, 2018



