SportM
Тајм аут

Видео: Емотивна реакција на родителите на Модриќ по голот, Словенците воодушевени

Редакција8 јун 2026
Видео: Емотивна реакција на родителите на Модриќ по голот, Словенците воодушевени

Во пријателски натпревар пред Светското првенство, Хрватска ја совлада Словенија со 2:1, а еден од највпечатливите моменти се случи на трибините на стадионот во Вараждин. По погодокот на Лука Модриќ, камерите го забележаа емотивното славје на неговите родители.

Капитенот во 51-та минута со маестрален удар ја доведе Хрватска во водство, а реакцијата на неговите родители, Радојка и Стипе Модриќ, ја снимија камерите на словенечкиот портал Екипа. Сцената бргу привлече внимание и предизвика бројни позитивни реакции.

Словенечките медиуми му посветија посебно внимание на тој момент, нагласувајќи дека за 40-годишниот капитен ова можеби била и последната утакмица на домашен терен во дресот на репрезентацијата. Се погласни се шпекулациите дека Модриќ по Светското првенство би можел да ја заврши својата репрезентативна кариера.

„Радојка и Стипе Модриќ покажаа колку им значат головите на нивниот син, колку се горди на него и се радуваа како да беше тоа прв погодок на Лука за Хрватска“, пренесе Екипа, додавајќи дека гестовите за време на славјето „навистина го греат срцето“.

За Лука Модриќ ова беше 198-ми настап за хрватската репрезентација и 29-ти погодок. Само неколку минути по голот, капитенот ја напушти играта под овации од трибините во Вараждин, што дополнително ја засили емоцијата околу целиот настан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.