SportM
Фудбал

ВИДЕО: Фернандињо стапна на главата на Мејсон, многумина веруваат дека тоа било намерно

Д М17 апр 2021
ВИДЕО: Фернандињо стапна на главата на Мејсон, многумина веруваат дека тоа било намерно

Челзи и Манчестер Сити го играат полуфиналниот натпревар од англискиот ФА Куп на Вембли.

Дуелот во Лондон, секако понуди голема возбуда, а еден од овие клубови вечерва ќе остане без борба за трофејот.

Еден детал од првото полувреме на овој натпревар привлече големо внимание и многу навивачи на Челзи сметаат дека Мајк Дин мораше да го санкционира потегот на Фернандињо.

Бразилскиот фудбалер во една акција згазна на лицето на фудбалерот на Челзи, Мејсон Маунт, а многумина сметаат дека има намера во неговиот потег.

Фернандињо одамна е познат како играч кој е многу пргав. Тој често знаеше да направи потези кои не се многу популарни во светот на фудбалот, и честопати добиваше предупредувања поради тоа.

Бразилецот ја игра последната сезона во дресот на „граѓаните“. Веќе е познато дека тој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната и ќе заврши неговиот осумгодишен престој во Манчестер.

Фернандињо се приклучи на тимот во 2013 година. Тој учествуваше на бројни прослави на Сити во последните неколку години и играше суштинска улога во освојувањето на сите трофеи.

Тој настапи вкупно 352 пати во дресот на „граѓаните“. Постигна и 24 погодоци, и сигурно ќе даде се од себе да стигне до уште еден трофеј до крајот на сезоната.

Сити е пред освојување на Премиер лигата, игра во полуфиналето од Лигата на шампионите, а Фернандињо има освоено вкупно 10 трофеи со тимот од Манчестер во овие осум години.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.