ВИДЕО: Фудбалерот заразен со коронавирус го прифати предизвикот на Роналдо и го надмина!

Вчера преку социјалните медиуми Кристијано Роналдо го започна турнирот наречен Дневна соба, или Купот на дневната соба.
Роналдо ги предизвикува своите фанови со овој предизвик, воглавно тоа се однесува на вежби за физичка подготвеност и издржливост. Вчера стомачните беа на програмата.
Искусниот Португалец успеа да направи 142 стомачни за 45 секунди, а потоа праша дали некој ќе може да го собори рекордот.
Малку подоцна, се јави Близ Матуиди, еден од тројцата фудбалери заразени со коронавирус. Францускиот играч од средниот ред успеа да го надмине Роналдо. За 45 секунди, тој направи 144 стомачни.
Инаку, Матуиди треба да биде во изолација наредните 10 дена, бидејќи неговиот втор тест беше позитивен, но како што може да се види, Французинот се чувствува исклучително добро и не ја изгуби својата моќ.
https://youtu.be/_wHIDJK6c4I



