SportM
Тајм аут

(Видео) Јапонските навивачи го исчистија целиот стадион и го воодушевија светот

Редакција15 јун 2026
(Видео) Јапонските навивачи го исчистија целиот стадион и го воодушевија светот

Фото: Kristina Kuzmanovski

По ремито со Холандија со резултат 2:2 на Светското првенство во фудбал, илјадници јапонски навивачи не го напуштија веднаш стадионот. Наместо тоа, останаа на трибините и внимателно го исчистија просторот од кој го следеа натпреварот.

Сцените на кои јапонските навивачи со сини кеси трпеливо ги поминуваат редовите на трибините станаа едни од највпечатливите моменти на првенството, предизвикувајќи бројни пофалби од останатите навивачи и од пошироката јавност. Меѓународната фудбалска федерација ФИФА сподели видео на социјалните мрежи со пораката: „Причината поради која јапонските навивачи го чистат стадионот по секој натпревар. Почит.“

„Самураите“ во кеси собираа чаши, шишиња и друга амбалажа, додека дел од публиката веќе го напушташе стадионот. Оваа култура на одговорност и почит кон просторот јапонските навивачи ја негуваат со децении, уште од Светското првенство во Франција во 1998 година.

https://x.com/FIFAcom/status/2066313474884436100

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.