Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Кој би рекол, Милан, Сасуоло па Јувентус

Екипата на Сасуоло е хит во Серие А. По шест одиграни кола тие се на второто место на табелата со 14 бодови, два помалку од лидерот Јувентус. Никој не помислуваше дека Сасусоло ќе биде пред Јувентус, Интер, Рома, Лацио, па и Наполи, екипа против која вечерва како гости славеа со 2:0.

Локатели од пенал во 59-та и Лопез во судиското продолженија донесоа голема победа за гостинскиот тим. Особено фантастичен беше голот на Лопез кој се поигра со одбраната на Наполи.

Елиф Елмас ги одигра последните дваесетина минути од мечот, а Наполи во моментов е на шестата позиција со 11 бодови.

 

loading...

Facebook