ВИДЕО: Лион одлично започна но грешките скапо го чинеа, Баерн води 2:0 на полувреме
Д М19 авг 2020

Вечерва во Лисабон се игра второто полуфинале од Лигата на шампионите, помеѓу Олимпик Лион и Баерн Минхен.
Французите одлично го започнаа натпреварот, имаа неколку сериозни шанси но не постигнаа гол.
Мемфис Депај имаше одлична шанса во 4. минута но не успеа да ја затреси мрежата на Баерн, потоа Екамби во 17. минута не ја искористи шансата за водство на Лион.
Баерн во 18. минута го казни Лион и стигна до водство преку Серж Гнабри.
Лион по првиот примен гол го загуби темпото во играта, па Баерн во 33. минута повторно преку Грабри успеа да го зголеми водството.
До крајот на првото полувреме Лион се обидуваше да стигне до погодок но резултатот остана не променет.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



