SportM
Фудбал

ВИДЕО: Лука Модриќ помеша баби и жаби

Д М25 окт 2020
ВИДЕО: Лука Модриќ помеша баби и жаби

Во судиското надополнување на „Ел Класико“, Лука Модриќ покажа зошто некогаш бил прогласен за најдобар играч на светот.

Со неколку одлични потези, хрватскиот играч за врска ја „сруши“ одбраната на Барселона и ја испрати топката во мрежата за конечни 1:3.

Сепак, десет минути порано, Модриќ направи благо речено чуден потег.

Имено, Модриќ беше нападнат од неколку играчи на Барселона, а тој ја додаде топката до Родриго, кој стоеше покрај аут линијата и се подготвуваше да влезе во игра.

После тоа, Модриќ и Родриго се пошегуваа на социјалните мрежи. Бразилецот рече дека се уште е надвор од теренот, а Хрватот одговори дека требало да ја врати топката.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.