Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонец му се заблагодари на Дибиров, а тој вети дека наскоро ќе дојде во Скопје

Ракометната легенда Тимур Дибиров вечерва во дресот на Загреб го одигра својот последен натпревар во Лигата на шампионите, а на трибините беше и еден македонски навивач кој имаше краток разговор со Русинот.

Македонецот Томица живее и работи во Хрватска, вљубеник е во ракометот и татковината, беше на сите натпревари на репрезентацијата на Светското првенство во Вараждин во јануари, следната недела ќе биде и во Копер да ја бодри Македонија на гостувањето кај Словенија во квалификациите за ЕП 2026.

„Ти благодарам од мое име и од име на целиот македонски народ за сè што направи за Вардар“, му рече Томица на Дибиров.

Одговорот на Русинот беше на македонски јазик и порача дека доаѓа во Скопје за еден-еден ипол месец на некој натпревар на Вардар.

View this post on Instagram

A post shared by @vardar.info