Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Македонија на полувреме заминува со високо водство од 3:1

Репрезентацијата на Македонија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Лихтенштајн.

Македонија на овој натпревар полека но сигурно го оправдува статусот на фаворит.

Фудбалерите на Македнија одлично го започнаа натпреварот, иако има мал број на публика сепак нашите репрезентативци се доволно мотивирани за победа.

Нашата репрезентација дојде во водство од 1:0 во 10. минута од натпреварот, а голот го постигна Александар Трајковски.

Александар Трајковски вечерва игра одлично и во 30. минуа од натпреварот, по асистенција на Пандев напаѓачот на Палермо ја затресе мрежата на противникот и ја зголеми предноста на Македонија на 2:0.

Енис Барди упати одличен слободен удар во рамките на голот, но голманот на Лихтенштај, Бухел успеа да го одбрани неговиот удар. Сепак одбиената топка Пандев ја смести во голот и во 36. минута од натпреварот зголеми на 3:0 за Македонија.

Само минута по голот на Пандев, Сејхан Јилдиз по грешка на одбраната успеа да постигне гол за гостинската репрезентација (3:1).