SportM
Фудбал

ВИДЕО: Македонија не успеа да се одбрани од нападите на Украина, 2:0 по првото пулвреме

Д М17 јун 2021
ВИДЕО: Македонија не успеа да се одбрани од нападите на Украина, 2:0 по првото пулвреме

Репрезентацијата на Македонија денеска го игра натпреварот од 2. коло на ЕУРО 2020, против репрезентацијата на Украина.

Репрезентацијата на Украина одлично го започна натпреваро, креираа напади, повеќе се играше на нашата половина.

Првата сериозна закана кон голот на Македонија беше во 8. минута, но Димитриевски реагираше брзо по одличниот шут на Малиновски.

Како што течеше натпреварот, Македонија полека почна да ја префрла играта на половината на Украина а првата сериозна закана ја имаше Барди во 13. минута, но неговиот шут беше блокиран.

Во 16. минута Елиф Елмас шутираше блиску до стативата.

Македонија во 18. минута имаше полуконтра, Пандев успеа го освои капитенскиот дуел, не да испрати центаршут.

Украинците имаа шанса за гол во 21. минута, но на наша среќа не го реализираја нападот до крај.

На половината на провото полувреме креираја опасна акција по дената страна, Јармоленко се обиде да шутира, но шутираше во блокот, а Димитриевски брзо реагираше и ја боксоваше токата.

Украина продолжи да притиска и да креира напади, во 28. минута Јармоленко имаше шанса за гол, Димитриевски интервенираше, па топката заврши во корна, по која Јармоленко го реализира во гол.

https://streamable.com/if4f5i

Македонија не успеа да ситигне до изедначување, а Украина продолжи да игра како да нема водство, па во 34. минута Јаремчук успеа да ја затресе мрежата на Македонија за 2:0.

https://streamwo.com/SQKPJT0

Македонија успеа да постигне гол во 39. минута, но голот на Пандев беше поништен поради офсајд позиција, а само една минута по одличната акција на Македонија, Украинците имаа шанса за гол, но Димитриевски успеа да спаси авто гол од страна на Велковски.

Во 43. минута Шапаренко направи брз прз продор во шеснаесетникот и по дуелот со Велковски падна, па судијата му додели жолт картон за симулација на пенал.

 

 

 

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.