Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Мерачот на температурата откажа во најлош можен момент

Барселона го совлада Виљареал (4: 1) полесно отколку што се очекуваше синоќа на натпреварот од 34. коло на Ла Лига.

Каталонците успеаја да дојдат до победа и да се задржат на четири бода негатива зад лидерот Реал Мадрид, па сè уште имаат повеќе или помалку шанси да ја одбранат титулата на крајот на сезоната.

Еден од најдобрите на теренот синоќа беше Лионел Меси кој запиша две асистенции.

Но, интересна ситуација со Меси се случи пред почетокот на натпреварот. Секој што ќе влезе на терен мора да ја измери температурата, а Меси имаше проблеми со тоа во „Де ла Керамика“.

Имено, Меси мораше да ја измери температурата неколку пати пред да влезе на стадионот и многумина за момент помислиа дека е покачена. Но, за среќа се покажа дека проблемот е во апаратот затоа што откажа во моментот кога се појави Аргентинецот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама