SportM
Фудбал

ВИДЕО: На Суарез најтешко му падна кога го испразни шкафчето од соблекувалната

Д М24 сеп 2020
ВИДЕО: На Суарез најтешко му падна кога го испразни шкафчето од соблекувалната

Луис Суарез денес официјално се прости од Барселона и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Атлетико Мадрид.

Уругваецот денеска одржа прес-конференција и во солзи објави дека по шест години ја напушта Барселона. Нему му беше многу тешко бидејќи сигурно не очекуваше да го напушти „Камп Ноу“ на овој начин.

Суарез денес не можеше да ги сокрие солзите и плачеше во неколку наврати што најдобро покажува колку сето тоа паѓа врз него.

Шпанските медиуми пренесуваат дека му било особено тешко кога го испразнил шкафчето во соблекувалната и дека тогаш сфатил дека ова е неговиот крај во Барселона.

Суарез практично беше исфрлен од клубот, а се покажа дека тој имал лоши односи со претседателот кога одбил да се слика со него по денешната прес-конференција.

https://www.instagram.com/p/CFhljv4qe5v/

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.