Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Наместо во тренинг кампот, sвездата на Барселона тренинг за кондиција прави на улица

Во Барселона решија да се ослободат од индивидуалните играчи и со тоа да го ослободат буџетот. Роналд Куман веќе состави список на вишок играчи и тие еден по еден го напуштаат клубот.

Артуро Видал, кој е на чекор од преселба во Интер, сигурно ќе го напушти „Камп Ноу“, но тој трансфер беше одложен за неколку дена.

Италијанските медиуми се главната причина од фискална природа, но тоа сигурно ќе се реализира, порано или подоцна. Во меѓувреме, Чилеанецот се прости од соиграчите.

Искусниот играч за врска денес воопшто не тренираше во тренинг кампот на Барселона, но беше снимен како трча по улиците на каталонската престолнина со цел дополнително да ја засили својата кондиција.

Дека Видал е практично поранешен на „Камп Ноу“ потврдува и информацијата дека Куман воопшто не го поканил за денешниот пријателски натпревар против Жирона.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com