Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Подмолниот потег на Нејмар е разбирлив по жестока навреда, но за сè треба да се обвини Ди Марија

Француското „Ел Класико“ заврши со победа на Марсеј од 0:1. Тимот од Азурниот брег го победи ПСЖ на гостински терен по 10 години во генерален натпревар во последните минути.

На крајот домашниот тим доби три црвени картони, а гостите два. Нејмар беше исклучен откако удри играч на Марсеј. Бразилецот тврди дека бил навреден на расистичка основа.

„Замолчи мајмун“, му рече Алваро Гонзалес на Нејмар, на што бразилската суперѕвезда не остана должна, па мораше да реагира.

Откако го зеде мобилниот телефон по натпреварот, Нејмар се огласи на Твитер. Тој рече дека жали што не ја погоди главата на играчот на Марсеј.

loading...

„Единствено за што жалам е што не го погодив тој шупак со глава“, рече Нејмар.

Сепак, Нејмар може да бара и виновник за пресметката и навредите кај неговите соиграчи. Имено, Ди Марија во една акција го плукна Гонзалес, но немаше никаква реакција од просторијата ВАР.

Натпреварите помеѓу ПСЖ и Марсеј отсекогаш предизвикувале голем набој и нема сомнеж дека по синоќешните настани на следниот натпревар, овие две екипи ќе бидат уште понапнати.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com