Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Поминаа 15 години од „Истанбулскиот срам“ (ВИДЕО)

На денешен ден 2005 година се одигра квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Турција и Швајцарија.

Немирите се случија на теренот, а потоа и во тунелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул по реваншот за СП 2006 меѓу Турција и Швајцарија.

Швајцарија на крајот се пласираше на Светското првенство, а оваа пеколна вечер во Турција медиумите во таа земја ја опишаа како „Истанбулскиот срам“.

Швајцарскиот дефанзивец Стефан Грихтинг тогаш ја помина ноќта во болница откако доби силен удар во долниот дел на стомакот и мораше да му биде вграден катетер.

Поранешниот играч на швајцарската фудбалска репрезентација Јохан Лонфат еднаш рече дека и турските полицајци биле вклучени во немирите во тунелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“ по натпреварот, напаѓајки ги швајцарските играчи.

“Веднаш по натпреварот истрчавме кон соблекувалната, но некои од моите соиграчи добија удари од турски играчи и полицајци кои требаше да обезбедат мир. Најлош беше Стефан Грихтинг кој беше однесен во болница крвав. Го видов и Вогел претепан исто така и Хаггел. Бевме нападнати “, рече Лонфат по кобниот натпревар за францускиот спортски дневен весник „Екип“.

Тој исто така истакна дека се очекуваше електрифицирана атмосфера, но дека тоа што се случи ги надмина сите граници и дека на тој и на неговите соиграчи во тунелот им беше кажано: „Ние ќе ве заколаме“.

loading...

Facebook