SportM
Фудбал

ВИДЕО: ПСЖ го најави натпреварот со Звезда?

Д М2 окт 2018
ВИДЕО: ПСЖ го најави натпреварот со Звезда?

ПСЖ на свој терен ќе ја пречека Црвена Звезда во групата Ц.

Во првото коло, Парижаните загубија од Ливерпул со 3:2, додека Звезда неочекувано ремзираше со Наполи (0:0), па ситуацијата е таква што францускиот шампион го зазема последното место во групата.

Императивот на победата е голем, а се чини дека ПСЖ едвај чека да започне натпреварот.

По повод дуелот со Звезда, на официјалната страница на Твитер на ПСЖ, се појави интересен спот како најава за натпреварот, чии главни ѕвезди се Мбапе, Нејмар, Кавани, Тиаго Силва …

ПСЖ и Звезда ќе играат во среда со почеток во 18:55 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.