ВИДЕО: ПСЖ го „претстави“ Меси во видеото, но откри уште две важни работи

Лионел Меси од денеска е нов играч на ПСЖ.
Иако допрва треба да го заврши официјалниот дел, да помине лекарски преглед и да го потпише договорот, Парижаните веќе го претставија во видеото како нивно големо засилување.
Тој потпиша договор до 2024 година и пристигнува како слободен играч, откако 21 година беше член на Барселона со кого освои 34 трофеи.
Деталите за договорот беа објавени порано, па не е тајна дека Аргентинецот ќе заработува 35 милиони евра по сезона со бонуси.
Покрај објавувањето на потписот на Меси за навивачите на ПСЖ со ова видео, некои заклучија и две други важни работи што можеа да се видат во споменатото видео.
Имено, евидентно е дека Нејмар ќе го задржи бројот 10, и дека Килијан Мбапе ќе игра заедно со Меси, иако имаше навестувања дека францускиот репрезентативец ќе се пресели во Реал Мадрид сега кога пристигна волшебникот од Розари.
Што се однесува до Меси, тој ќе избере помеѓу бројките 19 и 30, а „десетката“ му ја препушти на својот пријател Нејмар.
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) August 10, 2021



